Конечно дојде нашиот омилен месец. Дали знаете зошто ноември е посебен за луѓето со дијабетес? Бидејќи ноември е месец на кревање на свеста за дијабетесот! Овој ден се слави на глобално ниво. За прв пат беше воведен во 1991 година од страна на Светската Здравствена Организација и Меѓународната Федерација за Дијабетес.
Целта на овој ден е се прошири пораката за дијабетесот и подигнување на свеста за истиот. Овој ден се прославува низ целиот свет, опфаќајќи стотици кампањи, проекции, активности, предавања, состаноци и многу други манифестации.

14-ти ноември е значаен датум бидејќи го одбележува роденденот на Фредерик Бантинг, човекот кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 година.
Прославете го овој месец, особено Светскиот Ден на Дијабетесот. Доколку имате дијабетес, споделете ја вашата приказна и искуство со дијабетесот со други луѓе и учете едни од други. Доколку немате дијабетес, а сакате да не поддржите, носете некој син детал или пак сина облека.
Или пак прифати го предизвикот, искачи 5000 м за 5000 лица со дијабетес тип 1 во Македонја
По повод 14-ти Ноември – светскиот ден на дијабетесот, Бојан Киров, лице со дијабет тип 1, ќе се обиде 5 пати да го искачи врвот на планината Водно (1060), со што ќе им посвети по 1 метар на секое дете и возрасен со тип 1 дијабетес – 5000 лица во Македонија.

Искачувањето ќе се одвива 5 пати во текот на денот. При секое искачување, предвидено е 3 луѓе да го придружуваат Бојан Киров, на безбедно растојание од 2 метри.На врвот ќе биде стациониран медицински тим кој ќе се грижи за здравјето и безбедноста на Бојан и неговата придружба.
Поради тековната состојба со корона вирусот, ве молиме вашата поддршка да ја искажете преку социјалните мрежи со споделување на информации за дијабетесот и спортот или преку индивидуално искачување на врвот на Водно или друг врв во ваша близина. Ве молиме придржувајте се кон пропишаните мерки и препораки за заштита и превенција од COVID-19.
Прочитајте повеќе информации за предизвикот на следниот линк. Прифати го предизвикот!