Сите знаеме дека пушењето е штетно за сите, но за луѓето со дијабетес, може да биде уште поштетно.
Пушењето е независен фактор на ризик за дијабетес, а кај луѓето со дијабетес го зголемува ризикот од компликации. Веќе знаеме дека компликациите вклучуваат проблеми со циркулацијата, срцеви заболувања и мозочен удар. Исто така, и пушењето додава на ризик од развој на сите овие нешта. Постојат случаи кога не само што може да ги зголеми овие состојби, туку и да создаде проблеми со бубрезите и еректилна дисфункција.

Дали пушењето го зголемува ризикот од срцеви заболувања кај лицата со дијабетес?
И дијабетесот и пушењето можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања на многу слични начини. Кога се комбинираат, има повеќе шанси да претрпите состојба поврзана со срцето како што е мозочен удар или срцев удар.
Кога пушиме цигари и имаме висок шеќер во крвта, ѕидовите на артериите се оштетуваат на тој начин што масните наслаги можат да се соберат многу полесно. Кога ова се случува, крвните садови се стеснуваат и ја отежнуваат циркулацијата на крвта.
Високото ниво на шеќер во крвта го има овој ефект врз крвните садови и протокот на крвта. Ова значи дека ако имате дијабетес и пушите цигари, имате многу поголем ризик да претрпите срцев или мозочен удар.
Дали постојат други комликации кои може да се слуат доколку пушиме цигари и имаме дијабетес?
Да. Понатамошни компликации од дијабетес што можат да се појават се дијабетична нефропатија, албуминурија. Иако помалку евидентни, постои и поврзаност помеѓу пушењето и ретинопатија.
Најдоброто решение?
Откажете се од пушењето!